Израелците одат на четвртите избори во две години

Кнесетот, израелскиот парламент, е распуштен ноќта кон средата, откако коалициските партнери во владата не успеаја да постигнат договор околу буџетот, што носи до четвртите парламентарни избори во последните две години.

Парламентот автоматски е распштен откако до полноќ во вторникот по израелско време истече рокот за изгласување на државниот буџет за 2020 и за 2021 година, а владејачката коалиција не успеа да постигне договор.

„Ликуд не сакаше избори и постојано гласавме против нив“, изјави во писмена изјава изралескиот премиер Бенјамин Натанјаху во вторникот ноќта, со ветување дека неговата партија ќе победи на изборите коишто веријатно ќе се одржат на 23-ти март.

Министерот за одбрана Бени Ганц, лидер на центристичката партија „Сино-бело“ кој требаше да го дели премирскиот мандат со Нетанјаху, го обвини премиерот дека носел политички одлуку со цел да ги избегне пресудите. Против Нетанјаху се води судска постапка, а е обвинет за измама, подмитување и повреда на довербата.

„Доколку немаше судење, ќе имавме буџет и намвме да имаме избори“, објави партијата на Ганц.

Обидувајќи се да ја разреши кризата, партијата на Ганц во понеделникот ноќта кон вторникот малку пред полноќ пред да се одржи новото гласање предложо да може рокот за носење на буџетот за 2020 година да се одложи до 31-ви декември, а на оној за 2021 година до 5-ти јануари. Но во текот на гласањето веднаш по полноч, 49 пратеници гласаа против предлогот, а 47 беа „за“.

Претходно пропаднаа трите обида на изборите да се добие јасен победник меѓи премеирот Бенјамин Нетанјаху и понарешниот врховен командант на израелските вооружени сили Бени Ганц. По новното последно соочување во март годинива, двајцата одолговлекуваат со состанувањето на владата на „националното единство и итната потреба“, но на крајот ја прекинаа најдолгата политичка криза во историјата на Државата Израел, за да се соочат со здравствената криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Во март Нетанјаху и Ганц договрија нивно сменување на премиерската должност на половина од мандатот, и дека владата ќе го донесе двегодишниот буџет за 2020 и 2021 година. Меѓутоа, Ликуд, партијата на Нетанјхау, предложи да се гласа за два различни буџета, што го одби партијата на Ганц – „Сино-бело“. Ова досега нерешено прашање стана слабата точка на коалициската влада, и според написите во израелските медиуми, ги покажува големите тензии меѓу Нетанјаху и Ганц.