Израелската војска ги пронашла телата на исчезнати Евреи во текот на напредувањето во палестинската енклава Појасот Газа, според медиумските извештаи од саботата.
Весникот The Jerusalem Post пишува дека телата се откриени во петокот ноќта во текот на напредувањето на 7-та бригада во пограничната област меѓу Израел и Појасот Газа. Не е наведен бројот на мртвите.
Според овој извештај, наводно израелската бригада ја опколила областа, по што телата биле извлечени и префрлени на израелска територија. Изралската војска објави дека ограничено дејствувала во Појасот Газа во пресрет на очекуваната копнена офанзива.
Воениот портпарол Даниел Хагари на платформата Х објави дека целта на тие операции била „чистење на подрачјето од терористите и оружјето“. Притоа се обиделе да ги пронајдат и исчезнатите киднапирани Израелци. Оклопните и копнените сили барале траги и „елиминирале терористички ќелии“, додава.
Според военото крило на Хамас, 13 од околу 150 заложници грабнати минатата сабота во Израел се убиени во израелските воздушни удари врз крајбрежната енклава. Овие извештаи не е можно да се потврдат од независни извори.