Радикалните исламисти од палестинската енклава Појасот Газа од утрото во истрелале врз Израел најмалку 200 ракети, а десетици од нив биле пресретнати од системите за противракетна одбрана, соопшти во саботата попладнето прес-службата на израелската војска.
„Од саботата утрото беа лансирани 200 проектили врз израелската територија од појасот Газа. Систмот за противвоздушна одбрана ‘Челична купола’ пресретна повеќе десетици од нив“, се наведува во објавеното воено соопштение.
Се додава дека некои од ракетите истрелани од палестинските милитанти експлодирале во населени места на југот од Израел, и покрај ефикасноста на протиракетниот систем.
Досега е потврдено дека една жана била ранета во ракетирањето на големиот јужен град Кирјат-Гата. На рекатните напади Израел одговори со воздушни уради во појасот Газа, и според армијата била нападнати повеќе од 30 цели на главните палестински групации. Палестинската страна соопшти досега за најмалку двајца загинати и повеќемина ранети во израелските бомбардирања.
Палестинското исламистичко движење Хамас, кое владее од 2011 година со појасот Газа, во соопштението од саботата го обвини Израел дека е „целосно одговорен за последиците од својата агресија против мирните протести“ на границата меѓу Газа и Израел во петокот. Се додава дека Хамас ветува оти „ќе се одмазди да убиството на четворицата Палестинци“, истакнувајќи дека „отпорот на Газа нема да дозволи палестинската крв да биде попусто пролеана и нема да молчи на изралеската блокада“.
Израелската војска, пак, претпоставува дека ливидирала пет или шест плестински милитанти, одговорајќи во саботата со авионски удари на ракениот напад од Газа, соопшти еден од портпаролите на армијата, Јинатан Конрикус.
Малата крајбрежна палестинска енклава трпи големи штети поради целосната блокада од страна на Израел од 2007 година и досега беше сцена на три војни од 2008 година.
Тензиите меѓу Хамас и Израел повторно се зголемија по 30-ти март 2018 година, кога започнаа протестите наречени Големиот марш на враќањето, кои се одржуваат секоја седмица и чиишто учесници го бараат правото да се вратат на териториите од кои биле протерани тие или нивните предци уште со војната од 1967 година. Во овие насилства досега биле убиени најмалку 268 Палестинци, според Министерството за здравство во Газа.
Денешните масовни ракетирања го нарушија затишјето кое траеше повеќе од еден месец. Исто така, се стравува дека повторно може да ја доведе во прашање безбедноста на учесниците на Евровизијата, која треба да се одржи кон средината на мај во Тел Авив.