На насловната страница на израелскиот дневен весник Haaretz објавени се фотографиите на 67 убиени палестински деца и тинејџери во последитени судири меѓу Израел и палестинското движење Хамас во енклавата Појасот Газа.
„Ова е цената на војната“, пишува на насловната страница на Haaretz покрај портретите на убиените. Овој дневен весник, кој е најстариот во Изрел, фотографиите ги објавува во соработка со The New York Times, со возрастат и прикзаните за жртвите на возраст од 6 месеци до 17 години.
Вкупно во израелското нбомбардирање убиени се 254 Палестинци, тврди министерството за здравство во Газа, а четвртина од загинатите се деца.
Во Израел во судирот се убиени 13 луѓе, од кои едно е петгодишно дете и 16-годишен тинејџер. На израелската страна еден војник е загинат а жртви се и тројца странски работиници на фарми.
Haaretz приказните за убиенуите ги објави помалку ое една седмица откако на сила стапи приомирјето со кој е завршена последната ескалација на судирите меѓу Палестинците и Израел, во времото додека во еврејската држава има политичка криза поради четвртиот неуспешен обид на премиерот Бенјамин Нетанјаху да формија влада со стабилно мнозинство во последните две години.
Палестинците го обвинуваат Израел дека ги поттикнал судирите со обидот да се деложираат од нивните домови палестински семејства од кварот Шеик Џара во источен Ерусалим на кои полагаат право израелски доселеници, како и со блокирањето на приодот за верниците кон џаијата Ал Акса за време на светиот муслимански месец на постот Рамазан Израел, пак, своите воздушни и артилериски напади врз Газа се одоговор на ракетирањата од страна на исламистичкото движење Хамас, кое покрај Израел и САД и ЕУ го третираат како терористичка организација.
Израелската војска објави дека голем дел од децата и цивилните жртви во Газа биле смртно настрадале од повеќе од 500 ракети истрелани од Хамас кои биле погрешно насочени ли неуспешно лансирани.