Израелските арапски партии остварија историски најдобар изборен резултат

Многу е веројатно дека израелските арапски партии на понеделничките избори го оствариле својот најдобар резултат во историјата на Државата Израел, зајакнати со она што аналатичарите го толкуваат како гнев на гласачите кон актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите американски сојузници.

По повеќе од 90 отсто од преброените гласови во вторникот, се чини дека Заедничката листа на арапските партии ќе освои 15 мандати во Кнесетот (израелскиот парламент) со 120 пратеници. Тоа е за две пратенички места повеќе за арапското малцинство, коешто сочинува 21 отсто од населението, од претходните избори ланскиот септември.

Излезноста меѓу арапските избирачи се зголемила за 64,7 отсто, што е најмногу во последните 20 години, тврди Арик Рудницки, истражувач од Израелскиот демократски институт (IDI).

Политичарите и аналитичарите сметаат дека големата излесност на арапските гласачи, и воопшто зголемената излезност на понеделничките избори, ја намалиле победата на десната конзервативна партија Ликуд на Бенјамнин Нетанјаху. Така што, според сѐ судејќи, на израелскиот премиер повторно му недостига поддршката од 61 пратеник за мнозинство.

„Режимот на Нетанјаху нема 61 пратени поради една причина: растот на Заедничката листа“, изјави челникот на коалицијата, Ајман Одех.

Меѓутоа, сепак, тешко е веројатно дека успехот на арапските партии ќе резултира и со влијание во власта во Израел, бидејќи ниедна арапска партија досега не била дел од израелската влада.