Израелските сили ги засилија нападите на Рафа, 17 Палестинци убиени во бегалските кампови

Најмалку 17 Палестинци во два бегалски кампа во Појасот Газа се убиени во израелски воздушни напади во вторникот, додека израелските тенкови навлегуваа сѐ подлабоко во јужниот крајбрежен град Рафах, соопштија жителите и медицинските лица.

Жителите рекоа дека има силен оган од тенкови и авиони во неколку области на Рафах, каде што повеќе од милион ипол луѓе, или повеќе од половината од 2,4 милионското население на Појасот Газа, се засолниле пред почетокот на мај. Поголемиот дел од населението побегна на север откако израелските сили почнаа да го напаѓаат градот.

„Рафах е бомбардиран без никаква интервенција од светот, окупацијата (Израел) дејствува слободно овде“, изјавил преку апликација за разговорза Reuters жител на градот во непосредна близина на границата со Египет, и татко на шест деца.

Израелски тенкови оперираат во западните области на Рафах – Тел ал-Султан, Ал-Изба и Зуруб и во областа Шабур во центарот на градот. Тие, исто така, продолжија да ги окупираат источните области и предградијата, како и границата со Египет и клучниот граничен премин Рафах.

„Израелските сили се во повеќето области, има и тежок отпор… но окупацијата не е етичка и тие го уништуваат градот и бегалскиот камп“, рекол соговорникот на агенцијата.

Палестинските здравствени власти соопштија дека еден маж бил убиен утрото од израелски оган на источната страна на Рафах. Болничарите за Reuters рекле и дека веруваат дека во изминатите денови и седмици загинале многу други, но дека спасувачките екипи не можат да стигнат до нив.

Израелската војска соопшти дека продолжува со „прецизната, разузнавачка активност“ во Рафах, при што наводно убила многу палестински милитанти во блиски борби во текот на изминатиот ден и запленувајќи оружје. Воздушните напади погодиле десетици цели низ Појасот Газа претходниот ден, додаде војската.

Во централниот дел на Појасот Газа, 17 Палестинци се убиени во два одделни израелски воздушни напада врз две куќи во Ал-Нусеират и Ал-Буреи, двата бегалски кампа во кои се сместени семејства и потомци на луѓето кои избегаа во Газа за време на војната во 1948 година во времето на создавањето на државата Израел, рекоа болничарите.

„Секој дополнителен час доцнење, Израел убива повеќе луѓе, ние сакаме примирје сега. Доста е од нашата крв, им велам на Израел, Америка и нашите лидери. Војната мора да престане“, “, изјавил преку апликација за разговор за Reuters, 45-годишниот Калил, раселен учител од Газа, кој сега живее со своето семејство во градот Дери aл-Балах во централниот дел на Појасот Газа.

Во соопштението на израелската војска директно не се коментираат 17-те загинати Палестинци, но се вели дека продолжува да дејствува против милитантните групи во областите во централна Газа.

„Израелски воен авион го уби командантот на снајперската ќелија на Исламскиот џихад, а војниците ја елиминираа и милитантната ќелија“, се тврди во армиското соопштение.

Вооружените крила на Хамас и Исламски џихад соопштија дека борците се судриле со израелските сили во воените зони со противтенковски ракети и минофрлачки гранати и активирале претходно поставени експлозиви против израелските единици во некои области.