Израелските сили ги засилуваат нападите врз Џабалија

Во понеделникот израелски тенкови со воздушна и копнена поддршка дополнително се пробија во Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, известуваат за агенциите жителите таму и Хамас, додека јужен Рафах е исто така под воздушни напади.

Во Џабалија тенковите се движат кон центарот на овој кампот, едно од осумте такви историски локалитети во Појасот. Жителите известуваат дека тенкови го гаѓаат центарот на кампот и дека се уништени десетици куќи. Израелската армија принуди стотици Палестинци да ги напуштат своите засолништа, пишува Reuters.

Во Рафах, во близина на границата со Египет, Израел ги засили воздушните напади врз источните делови на градот, при што загинаа луѓе во куќа во квартот Бразил.

Жителите известуваат дека тенковите сега се стационирани на улицата Салахудин, која минува низ источните делови на градот, а автопатот е блокиран поради жестоките борби. Се додава дека источните делови на Рафах станале „град на духови“.

Хамас објави дека неговите борци се борат со израелските сили на улиците источно од Рафах и источно од Џабалија.

Израелската војска неколкупати ги вклучи сирените за тревога во област во близина на Појасот Газа, предупредувајќи на потенцијален прекуграничен оган.

Израелската војска доцна во саботата објави дека го спречила Хамас да ги обнови своите воени капацитети во Џабалија.

„Бомбардираа насекаде, дури и во близина на училиштата во кои беа сместени бездомниците. Војната повторно почнува, така изгледа во Џабалија“, вели за Reuters 45-годишниот Саед.