Извештај: На ЕУ ѝ недостига водство за јакнење на одбраната, Берлин и Париз се пасивни

Недостигот од политичко водство на земјите како Германија и Франција и тесноградите индустриските интереси ја спречуваат Европската унија да ја зајакне својата одбранбена индустрија, што е актуелизирано со руската инвазија во Украина, се предупредува во извештајот од средата на Минхенската безбедносна конференција.

„Клучниот недостиг на способност во европската одбрана сѐ уште е политичкото водство“, се наведува во извештајот на Минхенската безбедносна конференција посветен на безбедноста на континентот.

Годишната безбедносна конференција во Минхен, која вообичаено се одржува во февруари, е влијателен глобален собир на највисоките политичари и аналитичари кои дисктутираат за воени и безбедносни предизвици.

Во извештајот се наведува дека Германија и Франција „биле пасивни“ во времето кога претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и високиот претставник на Европската унија за заедничка надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел за поддршката на Брисел на Киев и иницијативите за заеднички набавки на оружје за украинската војска.

„Под владата на (канцеларот Олаф) Шолц, Германија беше постојано критикување поради отсуството во одбранбените прашања на ЕУ“, додека Франција се смета за земја коајшто „следи тесногради индустриски, а не колективни европски интереси“, се наведува во извештајот.

Почетната нерешителнсота на Германија и Франција во врска со снабдувањето со оружје на Украина, покрај историјата на занемарување на источноевропските стравови од Русија, предизвика трајна штета на нивниот кредибилитет во источна Европа и заедничките одбранбени иницијативи.

„Германија и Франција имаат одговорност да ја вратат довербата“, се истакнува извештајот и додава дека времето е клучно за јакнење на одбранбената соработка.