зарните притисоци и сили на ЕУ. Постигнат е одреден прогрес во диверзификацијата и структурата на извозот како резултат на директните странски инвестиции, а се подобруваат трговските и инвестициските врски со ЕУ. Сепак, на земјата и е потребно да го зголеми вработувањето особено на младите преку прилагодување на образованието кон пазарот на труд, надградување на врските меѓу странските директни инвеститори и домашната економија и натамошно привлекување инвестиции.
Во однос на способноста да ги презема обврските од членството, земјата има релативно добро ниво на усогласеност со „акијата“. Фокусот треба да се насочи кон административните капацитети и ефективната имплементација. Во повеќето области земјата е умерено подготвена, вклучувајќи ја областа на јавните набавки, статистиката и финансиската контрола. Дополнителни напори се потребни во областите каде што земјата е во рана фаза на подготвеност.
Македонија се со