Граѓаните на Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија се изложени на една од најголемите концентрации на загаден воздух во Европа, што е за пет пати поголема од националните и европските упатства на ЕУ, се вели во штотуку објавениот извештај на Програмата за заштита на животната средина на ООН.
Податоците се добиени од истражувањата спроведени во 18 градови во регионот во соработка со Светската здравствена организација и институции за оценка на квалитетот на воздухот.
Жителите на речиси сите поголеми градови во регионот на Западен Балкан се соочуваат со загрижувачко ниво на загадување на воздухот, што ја намалува должината на животот, се вели во извештајот. Во документот се нагласува дека „слабо развиениот и политички кревок“ регион во голем степен зависи од користењето нафта за производство на енергија.