Дека економските политики даваат резултат, потврда дава и фактот што нашата земја во рангирањето на Светска банка бележи напредок во сите анализирани индикатори, пишува „Лидер“. Од 189 анализирани држави, Македонија е втора во светот по стартувањето нови бизниси. Македонија е втора земја во светот, после Нов Зеланд, каде е најлесно да отвориш фирма.
Неверојатно, во индикаторот за започнување со бизнис, Македонија од 189 земји се искачи на второто место, веднаш зад Нов Зеланд. Во основа, процесот за започнување со бизнис во Македонија е многу лесен и едноставен, сè може да се направи во еден чекор, објаснува економистката на Светска банка, Валентина Салтане.
Иако законскиот рок е четири часа, во земјава може да се отвори фирма за два часа и со само една постапка, за разлика од пред десеттина години кога беа потребни 18 дена за целосно да се заврши работата. Постапката може да се направи по електронски пат, процедурата е едноставна, а со тоа значително им се олеснува работата на претприемачите.
Добриот амбиент за стопанисување доби потврда и од аспект на даноците, а овде Македонија е рангирана на високото седмо место во светот. Ниските даночни стапки и зафаќања, кои останаа непроменети и во време на криза, на фирмите им ослободуваат повеќе пари за развој на бизнисот.
Даночната стапка во Македонија е најниска во светот, со ефективна стапка од 7,4%. Таа ја уживаат сите мали и средни претпријатија. Тоа значи дека преку ниските даноци, малите и средните претпријатија добиваат стотици милиони евра годишно. Државата не им го одзема она што тие го остваруваат како профит, па потоа преку прераспределба да им го враќа назад, туку им остава сами да го раководат, објаснува првиот финансиер во државава, Зоран Ставрески.
Според постапката за издавање градежни дозволи, Македонија од Светска банка е рангирана на десеттото место.
Македонија е една од државите кои успеаја да постигнат две работи, односно да дизајнираат и имплементираат систем на градежни дозволи кој истовремено е и ефикасен и квалитетен, се вели во анализата на Банката.
Во однос на заштитата…