Известителката на ОН побара предглед на саудискиот конзулат во Истанбул

Специјалната известувачка за произволни егзекуции на Обединетите нации, Агнес Каламард, која го истражува случајот на убиство саудскиот новинар Џамал Кашоги во саботата изјави дека Саудиска Арабија испратила барање за прегледување на место на коешто се случило убиството.

Каламард, кој во понеделникот ја започнува еднонеделната мисија во Турција, на повик на владата во Анкара, изјавила дека до Ријад сѐ уште не добила одговор на барањето да го прегледа саудискиот конзулат во Истанбул. Таа во четвртокот најави дека тричлена законоправна и форензичка комисија би требало да ја утврди „одговорноста на држава и поединците за убиство“.

„Побарав пристап до зградата на саудискиот конзулат во Истанбул и состанок со амбасадорот на Кралството Саудиска Арабија во Турција… Побарав и дозвола за слична посета на Саудиска Арабија“, вели Каламард за Reuters.

Џамал Кашоги беше истакнат саудиски новинар кој влезе во судир со престолонаследник и од 2017 година живееше во егзил во САД каде што пишуваше колумни за The Washington Post.

Конзервативната монархија упорно ја отфрла одговроноста за неговото убиство во октомври минатата година во саудискиот конзулат во Истанбул. Ријад првично негираше дека знае нешто за исчезнување на Кашоги, а потоа понуди конрадикторни објаснувања, вклучително и дека е убиен во операција за која владата не знаела.

Саудиски функционери особено ги отфрла обвинувањата дека убиството го нарачал престолонаследникот принцот Мохамед бин Салман. Властите минатата година уапсија 21 Саудиец поврзани со случајот Кашоги, од кои 11 се обвинети и чекаат судење.