Извлечени две тела на исчезнати работници по уривањето на мостот во Балтимор

Нуркачите ги извлекоа телата на двајца од шесте исчезнати работници кои загинаа по уривањето на мостот во Балтимор во средата, објави Reuters.

Телата беа извлечени од реката Патапско еден ден откако масивниот контејнерски брод ги загуби погонот и способноста за маневрирање пред да удри во столб на мостот „Френсис Скот Ки, целосно уривајќи го.

Претставник на полицијата во државата Мериленд изјави дека камион со телата на двајцата мажи бил пронајден во близина на центарот на урнатиот мост. Тој, исто така, рече дека натамошните напори за извлекување на посмртните останки биле прекинати поради сè поопасните услови.

Говорејќи на прес-конференција во средата ноќта, портпаролот на државната полиција на Мериленд, полковникот Роланд Батлер, објави дека црвен камион со тела на двајца мажи бил извлечен од водата по уривањето на мостот во пристаништето Балтимор.

Жртвите се 35-годишниот Алехандро Ернандез Фуентез од Балтимор и 26-годишниот Дарлејн Раниа Ел Кастиљо Кабрера од Дандалк.

Останатите четворица работници кои во тоа време биле дел од тимот ги полнел дупките на коловозот на мостот, биле прогласени за мртви 18 часа по несреќата.

Уривањето на мостот, главната сообраќајница преку пристаништето, го затвори пристаништето Балтимор на неодредено време. Патем, тоа е едно од најпрометните пристаништа на источниот брег на САД.

Претходно во средата, федералните истражители го прегледаа товарниот брод додека екипите за итни случаи ги бараа телата.

„Dali“, контејнерски брод кој плови под знамето на Сингапур, со должина од три фудбалски игралишта, пријавил губење на погонот пред судирот и го фрлил сидрото за да го забави бродот со цел одговорните лица навреме да го запрат сообраќајот.