Претседателката на Европската унија, Урсула фон дер Лејен, објави во неделата одлука според којашто извозот на медицинска опрема од Европската унија, како што се медицински маски или ракавици, потребно е да се набави претходно одобрување од државите членки.
„Денеска усвоивме авторизација на извозот на медицинска опрема. Тоа значи дека извозот надвор од ЕУ мора да го одобрат владите на земјите членки“, објави Фон дер Лејен во видео порака.
Најави, исто така, најави дека во понеделник Европската комисија ќе покрене постапка за јавни набавки на опрема за тестирање на коронавируот и респиратори, и ќе објави насоки за владите на државите членки за мерките кои тие ги донесуваат да бидат коориднирани на ниво на ЕУ.
„Поради заштита на човековото здравје не смее да се дозволи стоките и другите преодукти да не усепат да дојдат до пациентите, здравствените системи, фабриките и продавниците“, рече Фон дер Лејен, истакнувајќи ја важноста на заштитата на јавното здравје и доброто функционирање на внатрешниот пазар во кризните моменти.
Челничката на ЕК предупреди на опасноста која ја претставуваат контролите на границите, особено кога станува збор за блокада на синџирот на дистрибуција и ризикот од недостиг.
„Ниедна земја не може да го прозведува самата она што ѝ е потребно. Денеска Италија има итна потреба од големи количества медицински производи, но по неколку седмици тоа ќе биде некоја друга земја“, додад Фон дер Лејен.