Неименуван 50-годишник од Данска е прогласен за виновен и осуден на две ипол години затвор затоа што под наводно бизарен сплет на околности, на денот на својата венчавка ја силувал родената ќерка (20).
Злосторството се случило во август 2018 година во хотел на југот на Данска. Тој ден склопил нов брак и правел свадба, а меѓу гостите била и неговата ќерка од претходниот брак, која не ја видел повеќе години, сè до Божиќот 2017 година. Тогаш ја поканилааа на свадба.
Меѓутоа, девојката многу испила и не можела да оди до својата соба па таткото со уште еден член на семејството околу 2.30 часот утрото ја однеле во апартманот за младенци, кој бил најблиску и ја сместиле во брачниот кревет. Час ипол подоцна, пристигнале и младенците и легнале во истиот кревет, таткото во средината. И во тој период од 4 до 4:45 часот, таткото ја грабнал ќерката и почнал да ја силува.
Кога му рекла да престане и се обидела да стане, силно ја удрил во градите. Паднала на грб и тој ја силувал иако повеќепати го молела да престане, рекол обвинителот, додавајќи дека девојката не била во состојба да се брани, зошто сè уште била пијана.
Таткото силувач се бранел дека заспал и не се сеќава на ништо. Утредента и телефонирал и ѝ се извинувал на ќерката, тврдејќи дека мислел дека е сопругата, на што таа му одговорила дека ќе ги прекине сите контакти со него.
Кога почна да ми го правиш тоа преку кое не можам да поминам, убаво те молев да престанеш, а ти продолжи. Врескав, а ти продолжи, и те удрив и ти пак продолжи“, рекла девојката.
„Жал ми е. Погрешив. Жал ми е. Мислев дека е жена ми. Зар не можеме да останеме во контакт?“, повторувал тој.