![ubiec indija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/409125_indijac_ff.jpg?resize=470%2C282&ssl=1)
Гириш Коте, продавач на стоки преку ТВ емисија од Мумбаи, ја убил својата сопруга Мадуванти прободувајќи ја повеќепати со нож, а потоа нејзиното тело го исекол на три дела, ги ставил во пластична церада, која ја облепил со леплива лента. Два дела сокрил во фрижидер, а третиот во спалната собра од неговиот луксузен стан.
Злосторството е откриено кога Коте повикал таксист кој го познавал и чии услуги и претходно ги користел, му раскажал што направил и го замолил да му помогне да се ослободи од телото.
Наместо да му помогне да го прикрие убиството, згрозениот човек ја повикал полицијата, која веднаш пристигнала во станот, го уапсила убиецот и го пронашла распарченото тело на неговата сопруга со која имал двегодишно дете.
Соседите раскажале дека брачната двојка често се расправала околу пари. Во моментот на убиството детето се наоѓало кај бабата, каде останало и по апсењето на таткото.