Јацењук: Крим да остане дел од Украина, со поголеми овластувања

Арсениј Јацењук, привремениот украински премиер денеска изјави дека дека Крим мора да остане дел од Украина, но дека може да добие поголеми овластувања.

Јацењук, во за АП потенцираше дека треба да се формира специјален тим кој би разгледал „каква врста дополнителна автономија Републиката Крим би можела да добие“.

Новиот украински премиер негираше дека Украина преговара со Соединетите Американски Држави (САД) за разместување на американска одбрана во Украина во замена за финансиска помош.

„Тоа не е вистина“,  изјави Јацењук за АП и истакна дека немало никакви разговори за разместување на било какви американски воени сили.