Вкупниот обем на фискалниот дефицит во Украина изнесува 289 милијарди гривни, истакна премиерот Арсениј Јаценјук во говорот пред Врховната Рада за економската состојба на Украина, пренесоа локалните медиуми.
„Земјата се наоѓа на работ на економски и финансиски банкрот. Првата цифра е онаа на вкупниот фискален јаз, колку средства и недостигаат на земјата во 2014 година, а вкупната големина на фискалниот дефицит е 289 милиони гривни“, изјавил тој.