Јанакиески е во притвор врз база на фингирана белешка од МВР

На почетокот на денешното рочиште заслучајот што го води Специјалното јавно обвинителство под називот Т.Н.Т, судијата Огнен Ставрев му се обрати на поранепшниот минитсер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој во судот беше спроведен од затворот во Шуто Оризари, и изрази жалење зошто морал да одреди притвор за него.

Јанакиески истакна дека е во притвор врз база на фингирана белешка од МВР и додаде “кога не може по магарето, удри по самарот”.

Адвокатот на Јанакиески, Еленко претходно во средата рече дека власта е бесна, па им се одмаздува на другите обвинети

„Да се оди со некакво известување од УБК за наводно нивно подготвување без факти, без дејствија, без аргументи сметам дека е апсурдно и сето ова е начин на освета. А на крајот на краиштата сево ова беше најавено синоќа во изјавата на господинот Оливер Спасовски, што укажува на спрега меѓу власта и судството“, изјави Еленко Миланов, адвокат на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески по одложувањето на денешното рочиште за случајот „Титаник“.

Миланов во изјава за Република вели дека по бегството на порашениот премиер Никола Груевски, власта е бесна и им се осветува на останатите обвинети во случаите на СЈО.

„Во моментот кога беше објавено дека Груевски не е во земјата, мерките за претпазливост кои се почитуваат во целост, се пренебрегнуваат и се носи ваква одлука“, рече Миланов.

Додаде дека како втора страна, обвинетите треба да добијат убид во доказите што ги обезбедило обвинитеството од УБК, но не знаат ниту каде ниту како ниту пак кога обвинетите се подготвувале за бегство.