Jанева го повтори исказот на Јовановски дека разговарале за „модата и љубовта“

Со  Бојан Јовановски не разговаравме за Специјалнот јавно обвинителство, туку за модата и љубовта тврдеше во петокот во својот исказ поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева пред скопскиот Кривичен суд за случајот „Рекет“.

Судот, на барање од одбраната, ја исклучи јавноста во делот од судењето каде Катица Јанева сведочи за доверливи информации за предметот „Рекет“ во кој е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување.

Претходно, Јанева рече дека со Бојан Јовановски најпрво неколкупати разговарале за гостување во емисиите на ТВ1. Освен официјалните средби, со Бојан развиле и неформално пријатателство и кафе-пиење.
„Со Бојан најмногу разговаравме за модата, а зборувавме и за љубовта. Тој ме прашуваше што и како ќе носам во емисиите, а знаеше и да ме критикува за гардеробата“, изјави Јанева.

Нагласи дека со Бојан никогаш не разговарале за работата во СЈО, укажувајќи дека ако имала потреба тоа го правела со обвинителите вл СЈО.

„Со Катица Јанева сум зборувал на многу теми, затоа што немала предрасуда за мојата сексуална ориентација. Кога ме притворија, велеа Боки педер. Па потоа премиерот ме нарече педер. И Јанева беше жена која со мене оствари пријателска комуникација, но никогаш базирана на основа на професионален однос, или јас да бидам стручен советник на Катица или да се интересирам за предмети поврзани со нејзината работа“, рече ден претходно Јовановски.

„Имав болки во грбот, рече Јанева, и барав некој мебел, па Бојан ми рече дека имале некоја компензација со продавница за мебел… Таа гарнитура е моја. Ја имам платено и за тоа имам од Бојан каса-прими“, рече Јанева зборувајќи за запленетата гарнитура во износ од неколку илјади евра, којашто според обвинителството е предмет на поткуп во случајот.
Нагласи дека со Бојан никогаш не разговарале за работата во СЈО, укажувајќи дека ако имала потреба тоа го правела со обвинителите вл СЈО.