Таканаречените „бомби“ коишто ги објавува Шеќерим Ахмети кој на социјалната мрежа Facebook се претставува под псевдонимот „Ел Чека“ наместо од ахивата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) можеби ги преззема од сервисот YouTube, каде што тие наводно се објавени, изјави во четвртокот лпецијалната обвинителка Катица Јанева, која пред Советот на обвинители даде отчет за тоа што сработила претходните шест месеци.
„Тие се јавно објавени, може да си ги презема од YouTube. Сега што да кажам за тие. Ајде поздрав“, одговори кусо специјалната обвинителка на новинарските прашања.
Минатата седмица Јанева тврдеше оти не може да гарантира дека „бомбите“ што ги објавува „Ел Чека“ не се излезени од СЈО.
Од обвинителството, по нејзината изјава ја правдаа дека „бомбите“ биле на сигурно, а Јанева била „различно протолкувана“.
„Ја уверуваме јавноста дека сите аудио материјали со кои располага ова Јавно обвинителство се чуваат под строго пропишани безбедносни процедури кои опфаќаат физичка, административна и информатичка безбедност на информациите“
„Ел Чека“ пред неколку недели почна да објавува прислушувани разговори на .
Најголем дел од „бомбите“ се однесуваат за ДУИ и најтесното партиско раководство. Шеќерим Ахмети „Ел Чека“ живее во Америка, а пред неколку недели почна да објавува прислушувани разговори. Најголем дел од „бомбите“ се однесуваат за ДУИ и најтесното партиско раководство. Паралелно, освен редовното обвинителство кое го истражува објавувањето нови „бомби“, истрага води и СЈО од каде запленија нелегално прислушувани разговори кај бизнисменот Љупчо Палевски и кај Захир Бекири – Чауш.
Според Јанева, во однос на досега сработеното на СЈО, членовите на советот на обвинители, кои не се интересирале за активните истраги, биле задоволни од нејзината работа, и взаемно заклучиле оти законот за обвинителство со кој се решава и идниот статус на СЈО треба да се донесе час поскоро.
Катица Јанева даде отчет за сработеното во првата половина од годинава. Шефицата на СЈО го презентираше извештајот за работата на нејзиниот тим пред Советот на обвинители. Јанева објасни дека членовите на ова тело биле задоволни од работата на СЈО. Не се интересирале конкретно за активни истраги. Јанева и Советот на обвинители заклучиле и дека мора во најбрз можен рок да се донесе законот за обвинителство со кој се решава и идниот статус на СЈО.
„Поразговаравме за извештајот, за предизвиците на СЈО, за новиот закон. Реално јас што можам да кажам, дека беа задоволни дека е многу исцрпен извештајот, многу со детали и дека не мора толку да навлегуваме во детали. Се договоривме за некои технички работи за новиот извештај. Во суштина беа задоволни, немаше некои посебни недоразбирања“, рече Јанева.