Во Куманово ќе понудиме продажба на парцели наменети за изградба на мали винарски визби.
Ова вечерва го истакна носителот на ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Јанкулоска при посетата на кумановско Бедиње.
Јанкулоска пред граѓаните ги промовираше реализираните проекти и проектите што ќе се реализираат во Куманово.
„Во програмата на ВМРО ДПМНЕ предвидуваме проекти за зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја“, посочи Јанкулоска.