Пред жителите на Јане Сандански и Бабин Дол носителот на ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ Гордaна Јанкулоска ги презентираше проектите реализирани од страната на Владата на Република Македонија.
„Во изминатиот период извршен е ремонтот на делниците Табановце до Куманово, во должина од 13 км. Куманово доби театар како посебна организациона единица во рамките на центрите за култура“, истакна Јанкулоска.
Во наредниот период, посочи таа, ќе биде извршена реконструкција на Центарот за култура “Трајко Прокопиев”.
Проектот ќе се реализира заради унапредување на условите за реализација на културните активности во градот.@