Во најскоро време ќе бидат објавени оставките на неколку високи чиновници во Украина, пишува „Украинска правда“.
Според весникот, добро упатени извори посочуваат дека претседателот ќе го разреши министерот за економски развој и трговија, Игор Прасолов, министерот за надворешни работи, Леонид Кожара и министерот за индустриска политика, Михаил Короленко. Според нив ваквиот чекор ќе биде превземен бидејќи тие не ја информирале навреме Владата за опасностите што ги носи со себе потпишувањето на договорот за асоцијација со Европската унија за економија на Украина.
Оваа информација била потврдена и од извори во владејачката „Партија на регионите“.