Украинскиот претседател Јанукович се наоѓа во Грција и се крие на планината Атос, тврдат неименувани странски извори за весникот Катимерини. Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, дописникот на Катимерини од Киев информира дека иако оваа информација не е потврдена, неколку локални украински медиуми известуваат дека Јанукович ја напуштил земјата и се упатил во Грчката манастирска заедница, лоцирана на Халкидики.
Јанукович го напушти Киев на 21 ви февруари, а на 24 ти тој веќе се наоѓаше на листата на најбарани криминалци и за обвиненијата против него тој ќе треба да одговара пред меѓународниот суд во Хаг. Обвинет е за 82 смртни случаи од почетокот на протестите.
Нередите во Украина почнаа по одлуката на Јанукович наместо кон ЕУ, да се приближи кон Русија. Голем број медиуми и портали информираа дека зад протестите во Украина стојат Сорос, УСАИД, Карнеги фондацијата и Националната фондација на демократите.
Македонската јавност е добро запознаена со организирањето на протести зад кои што всушност стои Џорџ Сорос. Соросовата фондација Отворено општество и нејзините сателити, кои што во Македонија важат за блиски до СДСМ, често се појавуваа како организатори и финансиери на протести насочени пред се против политиките на македонската Влада предводена од премиерот Никола Груевски. Најгласни беа во протестите против проектот Скопје 2014 та, но и во обидите да издејствуваат промена на Уставното име, како што тоа го правеше соросовиот сателит ГЕМ Граѓани за европска Македонија, кои што преку трибини пропагираа промена на Уставното име во име на “Европска Македонија”.