Бојкот на претседателските избори е можен само во вториот круг и доколку владејачката СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ ниту повикувало ниту ќе повика на апстиненција на избирачите, уверува шефот на изборниот штаб на опозициската партија, Игор Јанушев.
Во вечерашното гостување на телевизијата 1ТВ Јанушев рече дека претседателската кандидатка Гордана Сиљановска Давкова, којашто предложи ВМРО-ДПМНЕ, ја има голема предност во тотал кај сите избирачи, без разлика дали станува збор за Македонци, Албанци, Власи, Бошњаци,Турци, Срби и сите останати.
Рече дека сите негови средби и разговори со граѓаните низ Македонија во изминатите два месеца одат во насока во насока на потврдување на победата на професорката Сиљановска.
Бојкот нема да има, може да има после првиот круг ако СДСМ повика на бојкот. ВМРО-ДПМНЕ ниту повикало, ниту ќе повика, ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе референдумски, сите поддржувачи на Гордана Сиљановска Давкова ќе излезат референдумски и ќе ви нанесат таков страшен пораз што за неколку месеци ќе морате да распишете парламентарни избори, му порача Јанушев на Алескандар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ.
Јанушев претходно рече и дека за овие избори избирачкиот список е ист како и во претходните изборни циклуси, но сега СДСМ немаат забелешки за истиот бидејќи овој пат се на власт.
Најмал проблем е избирачкиот список, многу поголем проблем е што најголемата опозициска партија во државата влегува во изборен период со замрзнат имот, поголем проблем е тоа што имаме еден од лидерите на политичките партии во опозицијата којшто е во домашен притвор, имаме исто така многу побитен проблем што секојдневно се распишуваат огласи за вработување кои влијаат на изборите и е еден вид на политички поткуп во очи на изборите. Исто така имаме проблем со драконските казни од повеќе од два века, додека убијците од Смилковско езеро шетаат слободно. Искрено веруваме во она што го зборуваме, искрено веруваме во онаа правда и градење на правна држава за Македонија којашто конечно тоа можеме да го направиме со Гордана Сиљановска Давкова како победник на овие избори.
Јанушев меѓу другото истакна и дека за ВМРО-ДПМНЕ била и ќе Република Македонија, а во однос на темите за кампањата за Претседател ќе се држат до уставните и законските надлежности на Претседателот на државата. Тој рече дека главниот фокус на претседателската кампања на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова ќе биде проактивноста на Претседателот на државата во однос на надлежностите на Собранието и доставување на иницијативи до Законодавниот дом, надлежности во однос на економијата, економските промотори, екологијата, и сето она што ги тишти граѓаните.
Македонија како држава се наоѓа во една ситуација полоша од било кога во историјата, заклучи шефот на РИШ на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев