Јапонија од 26 до 27 мај 2016 година ќе биде домаќин на Самитот на групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г-7), изјави денеска шефот на кабинетот на владата во Токио.
– Прашањето за покана на рускиот претседател Владимир Путин се уште е нерешено, изјави шефот на кабинетот Јошида Шуга.
Кризата во Украина најверојатно ќе биде на дневен ред на Самитот, додека Јапонија очекува и разговори поврзани со безбедносни прашања во Азија, соопшти претставник на јапонското министерство за надворешни работи.