Јапонија ја повика Русија да не го анектира Крим, приклучувајќи се кон критиките во врска одржаниот референдум во регионот, пренесе „АФП“.
„Нашата земја не го одобри исходот од референдумот. Јапонија силно ја повикува Русија да остане целосно верен на меѓународниот закон, да го почитува суверенитетот на Украина и интегритетот на нејзината територија и да не продолжува со анектирањето на Крим“, изјави Јошихиде Цуга, портпаролот на јапонската Влада.