Јапонија размислува за буџетска поддршка за производителите на автомобили, вклучувајќи даночни олеснувања за да се ублажи негативното влијание на трговскиот судир со САД и зголемувањето на стапката на ДДВ во следната година.
Јапонија се надева дека во вториот круг на трговските преговори со САД, кој почнуваат на 21 септември ќе ги спречат високите тарифи за извоз на автомобили. Тие планираат исто така го елиминираат условите на САД за билатерален договор за слободна трговија, кој би можел да ги присили на отворање на политички чувствителни пазари, како што се оние на земјоделски производи.
Автомобилската индустрија изнесува околу 20 отсто од вкупното производство во Јапонија и околу 60 до 70 проценти од трговскиот суфицит во трговијата со САД, па поради тоа е многу ранлива на американските тарифи против извозот.
Една од опциите би била големо намалување или укинување на данокот на купување на автомобил, рекол извор во владата.