Јапонија не е согласна со САД за учеството на Иран во нападите на танкерите

© REUTERS / ISNA

Јапонската влада не се согласува со тврдењата на САД за наводна вмешаност на Иран во неодманешните напади на танкери во Оманскиот залив и побарала од Вашингтон дополнителни докази за обвинувањата, пренесува во саботата јаппонската службена новинска агенција Kyodo, повикувајќи се на неколку владини извори.

Според соговорниците на агенцијата, ситуацијата околу Иран, вклучително и прашањето за нападите врз танкерите, ќе биде една од главните теми на билатералниот состанок на јапонскиот премиер Шинзо Абе и американскиот претседател Доналд Трамп кој ќе се одржи на претстојниот самит на Г20 во Осака, на 28-ми и 29-ти јуни.

„Досега, американските објаснувања на овој пороблем не одат понатаму од сферата на претпоставки“, го цитира Kyodo еден од своите соговорници, неименуван високопозициониран функционер во владата во Токио.

Според другите соговорници, јапонската влада преку разни дипломатски канали побарала од Вашингтон јасни докази дека нападите врз танкерите била операција на Техеран.

Агенцијата во извештајот потсетува дека инцидентот во Оманскиот залив се случи речиси истовремено со историската посета на јапонскиот премиер Шинзо Абе во Техеран, каде што разговараше со врховниот и духовен ирански водач, ајатолахот Али Хамнеи. Се оценува, исто така, дека нападите врз танкерите, од кое едниот во јапонска сопственост, нанеле удар врз угледот на јапонската влада, којашто се обидува да стане посредник во воспоставувањето дијалог меѓу Вашингтон и Техеран.

Во меѓувреме, норвешката компанија сопственик на еден од танкерите „Frontline“ соопшти дека причината за експлозијата засега останува непозната, додавајќи дека е исклучена можноста од „механичка или човечкат грешка“.

„Компаниите и другите, вклучително и претставниците на властите, темелно ќе го истражат овој случај за да се открие причината“, наведува бродарската компанија во соопштението од петокот ноќта. Компанијата објави и дека експлозијата на танкерот „Front Altair“ се случила во четвртокот околу 7 часот утрото по средноевропско врема, веднаш откако минал низ Ормускиот теснец.

Повикувајќи се на зголемените тензии во регионот и во очекување на потполни информации за причините за експлозијата на „ Front Altair“, комапнијата објави дека ќе биде „исклучително внимателна во поглед на новите договори во регионо“, како и дека ќе се советива со експертите за безбедност. Во текот на саботата, екипа стручњаци би требало да го прегледа танкерот и да ја процени штетата.

Танкерот „Front Altair“, кој пловел под знамето на Маршалските острови, се запалил по експлозијата, сѐ уште плута на море, иако пожарот е изгаснат. Според неименуван американски функционер, кој го цитира Reuters, иранските воени бродови во Оманскиот залива наводно оневозможуваат два приватни реморкери да го одвлечат танкерот. САД за овој случај на експлозии со кои беше погоден и јапонскиот танкер „Kokuka Courageous“, кој пловел под панамски знаме.