Јапонија по 15 години излегува од дефлација

Јапонија конечно излезе од дефлацијата, односно од процесот на намалување на цените, истакна тамошниот министер за економија, Акир Амари.

Министерот предупредува дека и понатаму постои опасност да се врати дефлацијата, па владата треба да води сметка платите да растат побрзо од цените.

Како што наведуваат финансиските експерти, Тооки смета на инфлација од два отсто годишно.

Според резултатите од 2013-та година, цените во Јапонија „пораснале“ за повеќе од еден отсто.