Силен земјотрес ја погоди Јапонија. Потресот кој денеска ја потресе островската земја бил со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала.
Засега нема информации за жртви и причинета материјална штета, ниту е издадена тревога за цунами.
Силниот потрес се случил на длабочина од над 20 километри под морското дно крај главниот остров Хокаидо.