Во источното предградие на Јоханесбург во напуштен рудник за злато се затрупани повеќе од 200 диви копачи кои барале злато.
Спасувачки екипи се обидуваат да дојдат до луѓето кои биле затрупани од камења и засега имаат контакт со 30-тина од нив.
Нема информации за можни жртви или повредени лица.
На почетокот на овој месев во рудник на длабочина од 1,5 километри биле затрупани девет лица, а според податоците од 2012-та година, во Јужноафриканската Република загинале 112 лица.