Претседателот на Хрватска, Иво Јосиповиќ, изјави дека не е во прашање дали Хрватска треба да има воена авијација. туку дали може тоа да си го приушти од финансиски аспект.
„Оптималнио би било дека без опасност по државните финансии можеме да имаме воени авиони. Инаку има седум дежави во НАТО кои немаат своја воена авијација. Но, Хрватска ќе биде првата која имала своја авијација, но останала без неа“, вели Јосиповиќ за „Нови лист“.
Јосиповиќ за ова зборуваше и минатата недела по инцидентот во кој хрватското воено воздхопловство изгуби еден МИГ-21 кај Загреб, со што повторно се актуелизираше приканата за лошата состојба на авијацијата во земјата, староста на авионите, како и проблемите кои настанале при реконтот во Украина и Романија.
Тој додаде дека не е добро поради поединечни инциденти да се извлекува закучок за хрватската војска, иако се приметува дека во техниката е заостаната поради финансиските проблеми.