Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска, со почеток во 12 часот, ќе присуствува на јавна дискусија на тема „Концепт за изменување и дополнување на Законот за биомедицински потпомогнато оплодување заради воведување на можноста за добивање дете со помош на сурогат мајка“.
Целта на јавната дискусија е да се отвори дебата на оваа тема во која ќе учествуваат стручни лица, експерти, организации истакнати во областа, кои со своите коментари и предлози ќе дадат квалитативен придонес кон изготвувањето на измените и дополнувањата на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување заради создавање законски можности за добивање дете со помош на сурогат мајка.