„Johnson & Johnson“ ја преполови испораката на вакцините за ЕУ

Фармацевтскиот концерн „Johnson&Johnson“ ги преполови очекуваните испораки на својата вакцина против коронавирусот за Европската унија за оваа седмица.

Според договорот со ЕУ, „ Johnson & Johnson“ се обврзала да испорача 55 милиони дози од својата еднократна вакцина во вториот квартал годинава, но до средината на тромесечјето испорачале само 5 милиони дози, помалку од 10 отсто од договореното количество.

Покрај тоа, оваа компанија„ за половина го намалува количеството на вакцините за оваа седмица“, изјавил за Reuters неименуван функционер на ЕУ кој учествува во разговорите со произведувачот на вакцините, додавајќи дека не знае колку воопошто дози се очекувале оваа седмица.

Рекол, исто така, засега не се знае колку дози од вакцината „Johnson&Johnson“ ќе испорача следната седмица.

„Знаеме дека дојде до провремено ограничено намалување на испораките, што подоцна би требало да биде надоместенот“, изјавил портпарол на Европската комисија одбивајќи да каже колку ќе биде намалено количество на испорачаните вакцини.

Наводно „Johnson&Johnson“ се соочиле со проблеми поврзани со производтвото во САД. Европскиот соговорник на агенција рекол дека дозите наменети за ЕУ се произведени во САД во фабриката во Лејден, во Германија.