![jolevski-gevgelija-naslovna](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/09/jolevski-gevgelija-naslovna.jpg?resize=640%2C424&ssl=1)
Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, кој денес беше во обиколка на позициите на Армијата на јужната граница укажа и на потребата за поголема помош од меѓународната заедница и од Европа, имајќи предвид дека оваа криза го засега цел континент.
![Јолевски во Гевгелија: Потребна е поголема помош од меѓународната заедница](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/09/jolevski-gevgelija.jpg?resize=640%2C458)
Армијата е тука во Гевгелија да им помогне на останатите институции на Република Македонија, но и на мигрантите. Со изградбата на овој транзитен центар и се помогна на Гевгелија и најзините граѓани да се чувствуваат побезбедни. Воедно им се помогна и на мигрантите соодветно да се регистрираат и да поефикасно да транзитираат низ Македонија кон нивните дестинации, истакна Јолевски, кој го посети и транзитниот центар во кој се врши регистрација на мигрантите кои влегуваат во Република Македонија од Република Грција.
При посетата на транзитниот и регистрационен центар, министерот Јолевски се сретна и со претставникот на УНХЦР за Македонија, Мохамад Ариф, при што беше изразено задоволство од ангажманот на Армијата и на другите институции.
![Јолевски во Гевгелија: Потребна е поголема помош од меѓународната заедница](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/09/jolevski-gevgelija-1.jpg?resize=640%2C424)
Работиме заедно со сите инситуции и имаме голема помош, особено од Министерството за одбрана кои ни помогнаа да ги поставиме овие структури. Заедно сме сите во овој момент на криза и правиме сè што можеме за да овозможиме респектабилен престој на мигрантите кога ќе дојдат во земјата, истакна Ариф.