Ацо Јоновски, столбот на одбраната во македонската ракометна репрезентација ги пренесе своите лични импресии од првите неколку дена на шампионатот:
„Полека се навикнувам на игра во два правци, иако не е лесно. Кога се заморувам барам да бидам заменет, бидејќи треба да се издржи толку многу трчање. Знаеме дека Чешка потфрли на мечот со Австрија, но знаеме и дека нивните бекови се нивниот најсилен адут. Затоа товарот ќе падне на централниот дел на одбраната, но ние сме подготвени за мечот и едвај чекаме да дојде почетокот„ истакна стружанецот, кој вели дека Јиха е „скениран„ од македонскиот табор до најмалиот детал „Го следиме како се однесува на доручек и ручек, а камо ли на теренот“ рече Јоноски објави официјалниот интернет сајт на капитенот Кирил Лазаров.
Нашите ракометари веруваат дека ако играат како во централната фаза на мечот со Данска ќе слават на мечот со Чешка и уште вечерва ќе се радуваме на пласман во втората групна фаза.