Социјалдемократскиот сојуз излажа дека во Свети Николе ќе дојде нов живот, но овие изминати три месеца граѓаните почувствуваа само несигурност, страв и неизвесност за нив, за нивните семејства и за целата Република Македонија, истакна во петокот на прес-конференија Стево Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ.
„Свети Николе е земјоделски крај. Соживотот што го донесоа Социјалдемократскиот сојуз? Земјоделците се соочуваат и ќе се соочат со најавеното торнадо на СДС и Заев, а поддржано од локалните претставници на СДС. Торнадото кое ќе доведе до укинување на субвенциите за нашите вреднисветиниколски земјоделци. Јавно го повикуваме кандидатот за градоначалник од СДС да се изјасни дали ја поддржува оваа политика на СДС и на Заев? Покрај оваа торнадо за земјоделците, СДС и Заев ги исплашија нашите земјоделци со најавениот и веќе започнат институционален процес за доселување, згрижување и вдомување на мигранти. Светиниколските граѓани и земјоделци се крајно огорчени со одредената локација на СДС и Заев за населување на мигрантите во нашата општина. Тоа е на потег од 400 хектари што беше предвидено за карго аеродром во атарите на селата Мустафино и Ерџелија. Јавно го повикуваме кандидатот за градоначалник од СДС да се изјасни дали ја поддржува оваа политика на СДС и Заев, а светиниколчани очекуваат одговор од него“, истакна Јорданов.
Запраша дали местоположбата за населувањето на мигрантите е за сигурно нивно згрижување и од нив да направат нови земјоделци во Свети Николе, а нашите македонските земјоделци да си заминат од нашата државата?
„Светиниколски СДС–овци и нивните претеденти за локалната власт молчат и го поддржуваат неуставниот и антимакедонски закон за двојазичност. Закон кој што ќе доведе Свети Николе да стане двојазична општина. Ги повикувам светиниколските СДС–овци и нивниот претендент за градоначалник, јавно да се изјасни дали ги поддржува овие ставови на неговата партија и на Заев? Бидејќи ние Светиниколчаните ги знаеме личните ставови на некои негови блиски кои за неколку наврати беа изнесени во јавноста, а даваа поддршка на двојазичноста и другите катастрофални планови на СДС за нашата општина“, заклучио Јорданов