
СДСМ никогаш не размислувале за нашата татковина онака како што треба, нити пак инвестирале во културата, бидејќи без култура и историја која го носи нашето постоење, знаење и јазик посебно како народ и нација свесно се криеме како народ во светски рамки. Иако ние во еден момент се освестивме и почнавме да правиме нешто со историјата Грција веднаш ни направи проблем со името и тие сфатија дека ова парче земја е полно со историја, вели Крсте Јовановски на денешната Панел дискусија „Подобри и различни: ВМРО-ДПМНЕ инвестира во културата, а СДС укинува и крати”.
„Тој што не ја почитува културата не се почитува и себеси и јас лично мислам дека новата власт не се занимава со реформите, зборот реформи е многу голем за нив за да се занимаваат со тоа. Тие нити ќе направат реформи во културата, нити во здравството, во образованието и сл. Тие се донесени по пат на вештачко парламентарно мнозинство донесено на друго место, само и само за да направат реформи во поглед на промена на името, на уништување на државата Македонија, а нивната улога е насочена само кон тоа. Со ребалансот на Буџетот тие сакаат јавно да ни покажат дека прават нешто во државата во економската сфера, но всушност тоа е една позадина зад која се крие продажба на името, државата и народот во Македонија“, потенцираше Јовановски.
ПРатеникот рече и дека огромни средства во културата се скратени со ребалансот на Буџетот.
„Откако дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и премиерот Никола Груевски кој се водеше со една единствена цел дека народ без историја, без археолошки пронаоѓалишта и без артефакти не е народ и тој пресмета дека мора да се направи голем исчекор напред, а истото на несебичен начин го прифати министерката Елизабета Канческа-Милевска. Новиот министер првото што го направи откако стана министер е кратењето на сите проекти во Министерството за култура, а во поглед на сето она што е културна дејност јас како актер можам да кажам дека театарската дејност во нивното време беше катастрофална и платите беа ужасни. Откако се смени власта во некои градови се направија и нови центри на културата и луѓето видоа бенефит од тоа, а сега тоа сака некој да ни го ускрати“, истакна Јовановски.