
Трет ден како нелегално избраниот претседател на Собранието не ги отстранува албанските знамиња од кабинетот, сведоци сме дека освен знамињата на туѓа држава, кабинетот кој би требало да му припаѓа на легално избран претседател се претвара во штаб на ДУИ а тоа се последицит оде , истакна на прес-конференцијата во петокот пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсте Јовановски.
Рече дека ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува последните изјави на Зоран Заев со кои ја оспорува посебноста на македонскиот народ и им дава аргументи на сите оние кои го негираат македонскиот идентитет. Лидерот на СДСМ, смета Јовановски, во практика покажува дека ја реализира неговата политика со која го обвини македонскиот народ дека имал валкано лице.
„Криминалецот и патолошки лажго Зоран Заев со секој свој јавен настап ги загрозува националните и државните интереси на Република Македонија, го руши угледот на државата, а истовремено го негира и сопствениот народ. Последната скандалозна изјава го доведува во прашање идентитетот и посебноста на македонскиот народ, а од друга страна ги подрива и односите со соседна Србија, директно мешајќи се во нивните внатрешни работи“, рече Јовановски.
Оцени дека е „опасна тезата“ на Заев искажана во скандалозното интервју во коешто тој вели дека македонскиот и бугарскиот „која веќе почнаа да ја користат негаторите на македонскиот национален идентитет кои во неговата изјава гледаат потврда дека Македонците се дел од бугарската нација и таа е во иста насока со ултранационалистичките кругови и со радост е поздравена од Божидар Димитров еден од најгласните кои со години ја оспорува националната посебност на македонскиот народ“.
„Толку од македонската жица на Зоран Заев. Тој се претвори во канал преку кој националистичките и негаторските кругови од соседството ќе ги истура сите антимакедонски тези. Уште колку изјави треба да даде Зоран Заев, за членовите на неговата партија да сфатат колку опасна закана преставува овој уценет криминалец за иднината на суверена и унитарна Македонија. Останува едно прашање по чија насока Зоран Заев ги дава ваквите опасни и антимакедонски изјави“, дополни Јовановски.
Потсети на изјавите на Заев во 2008 за „виткањето на кичмата’ во спорот за името со Грција и да се решва прашањето според грчките барања, како и на неговиот настап во Берн кога кажа дека треба да се надминат рамките на Охридскиот договор, со што како што рече Јвановски, директно се загрозува унитарниот и мултиетнички карактер на државата и нејзиното претворање во бинационална.
„Зоран Заев кажа дека ако треба за таа цел ќе го менуваме и Уставот, а и истовремено лицето на гордиот Македонец било грдо. Зоран Заев јасно кажа дека се восхитува на кантонизацијата и федерализација и дека тоа е неговата визија како во иднина ја гледа Република Македонија. Зоран Заев ја прифати Тиранската платформа, која гледаме дека со големи чекори брза да ја реализира, со која Македонија ќе се прогласи како геноцидна држава“, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
Ковановски истакна дека „непромислените изјави“ на Зоран Заев претставуваат директна закана и по стабилноста и по безбедноста на целиот региони, како и оти тиене само што се удар врз Македонија, туку сериозно го подгреваат национализмот и шовинизмот на Балканот, а директно на штета на земјата.
„Ова веќе е премногу сериозно за да се смета за гаф. Ова е разнебитување на Македонија кое Зоран Заев го спроведува по насока на некој сценарист кој не сака да постои Македонија. Ова веќе е јасна и присутна закана која ја гледаа и искрено и чесно членство на Социјал-демократскиот сојуз“, заклучи Јовановски.