ЈСП: Забавување на протокот на јавниот превоз во Карпош

ЈСП информира дека од утре, 14.08.2018 година (вторник) до 3.09.2018 година, поради геодетски мерења и вадење кернови од страна на Друштво за градежништво, промет и услуги „Геинг“, на потегот на булевар Партизански одреди од раскрсница со булевар 8 Септември до мостот „Обединети нации“ можно е забавување на протокот на јавниот превоз.

Автобусите и автобуските постојки ќе сообраќаат/функционираат вообичаено, но извесно е дека се можни одредени застои поради условите на терен. Ги молиме патниците за трпение, велат од ЈСП.