Јубилејна 50-та „пол позиција“ за Фетел

Германскиот возач Себастијан Фетел од тимот на „Ферари“ ќе стартува од првата позиција во недеалта во трката за Големата награда на Мексико од Светското првенство во Формила 1.

Фетел на патеката „Ерманос Родригез“ стаса до својата јубилејна 50-та прва стартна позиција во кариерата, а во првиот ред крај него ќе биде Холанѓанецот Макс Ферстапен од „Ред Бул – ТАГ Хеуер“, додека водечкиот во генералниот пласмана Британецот Луис Хамилтон од тимот на „Мерцедес“ ќе ја започне трката од третата позиција.

На три трки до крајот на првенството Хамилтон има 66 бодови повеќе од Фетел и може веќе в недела да ја осигури својата четврта титула во кариерата доколку трката ја заврши меѓи првите петмина.

Трката за Големата награда на Мексико треба да стартува во недела во 20 часот.