![Jugohrom-Feroalojs](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/Jugohrom-Feroalojs.jpg?resize=600%2C480&ssl=1)
Комбинатот „Југохром“ не може да продолжи со работа без поставување на филтри и покрај инсистирањето на работниците, дециден е вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој го прифати барањето на Синдикатот на работниците и директорот на за средба.
Анѓушев за време на неговата посета на Тетово додаде дека единствената помош што „Југохром“ може да ја добие е да се најде решение меѓу банките и компанијата за да се обезбедат пари за брзо поставување на филтри.
Според последните информации, во „Факом“ е готова и челичната конструкција што треба многу брзо да се монтира. Ги разгледуваме сите можности и со банките и со сопственикот но како држава не можеме премногу да се мешаме во приватните компании. Сакаме да им помогнеме и на банките и на сопственикот да ја подобрат соработката и да се изнајдат средства филтерот да се изработи. Штета е „Југохром“ да не работи со оглед на високата цена на феросилициумот на светските берзи, но, сепак, здравјето на луѓето нема цена, изјави Анѓушев.
Од друга страна, претседателот на Синдикатот на работниците на Југохром, Бајрам Амити, инсистира на тоа дека Владата треба да даде дозвола за повторно отворање на Комбинатот, со цел да се обезбедат средства за брзо поставување на филтри и враќање на сите работници на своите работни места.