
Американската телевизиска серија „Династија“ силно ги обележа осумдесеттите години од минатиот век, поради што продуцентите се решија популарните Каринтонови и Колбиеви да ги вратат во нова верзија од 2017 година.
Речиси три децении по завршувањето на емитувањето на популарната серија, новата верзија, за којашто авторите велат дека е „секси и младешка“, би требало да започне да се емитува на 11-ти октомври на телевизискиот канал CW.
Верзијата на „Династија“ на овој телевизиски канал раскажува за заплетите на кланот Карингтон, нафтени милијардери, со Грант Шоу во улогата на главешината Блејк Карингтон.
Во оригиналната серија којашто се емитуваше од 1981 до 1989 година ликот кој го толкуваше Џон Форсајт беше замислен како етички пример, жртва на махинациите на заводничката Алексис, лик кој го толкуваше Џоан Колинс. Меѓутоа, во таа верзија главниот лик беше и закоравен хомофоб кој му кажува на синот Стивен дека неговото мислење не се смета бидејќи е „маж кој допира друг маж“.
Но времињата особено во САД се менуваат, па Блејк од 2017 година повеќе не е, барем не отворено, изиритиран од својот син, кој го толкува Џејмс МЕкеј, кој не ја крие својата хомосексуалност.
Улогата на главата на семејството своевремено на Форсајт, кој почина во 2010 година, му донесе две престижни телевизиски признанија Златен глобус.
Резервираната провинцијалка Кристл, која оригинално ја играше Линд Еванс, сега е венецуелска деловна жена со силен темперамент по име Кристал, а ја толкува австралиско-перуанската актерка Натали Кели.
Има уште една разлика, имено дејствието повеќе не се одвива во Денвер, туку во мултикултуралната Атланта, а ривалскиот клан на Карингтонови, семејството Колби е афроамериканско.