Уште еден срамен пораз, но во овој случај и елиминација во 3. коло од англискиот ФА Куп, доживеа тимот на Манчестер Јунајтед.
Фудбалерите на Свонси се последните кои можат да се пофалат дека без многу мака го имаат надиграно тимот на Дејвид Мојес и дека имаат славено на „Олд Трафорд”.
Новиот, минимален пораз од 2:1, е уште еден во низата факти дека Мојес не е дораснат да биде менаџер на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига и дека легендарниот сер Алекс Фергусон има направено огромна грешка кога е во прашање неговиот наследник.
„Мислам дека одигравме доволно добро, мислам дека не заслуживме да загубиме. Не создадовме доволен број на шанси пред противничкиот гол, а имаме проблем и со храброста. Не сме доволно сконцентрирани во последните 30 минути од натпреварите и мора под итно да го решиме тој проблем”, изјави Мојес.
За разлика од Јунајтед, лесно пласман во следното, 4. коло од англискиот ФА Куп, обезбедија големите фаворити за победничкиот пехар, Челзи и Ливерпул.
Резултати: Нотигем Ф. – Вест Хем 5:0, Сандерленд – Карлисел 3:1, Дерби К. – Челзи 0:2, Ливерпул – Олдам 2:0, Порт Вејл – Плимут 2:2, Манчестер Ј. – Свонси 1:2.