Актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Јунајтед, можно е да биде следната дестинација на стандардниот првотимец во дресот на најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, Јувентус, Клаудио Маркизио.
Англиските медиуми ја пласираа информацијата дека во следните неколку дена челниците на “црвените ѓаволи” ќе остварат контакт со генералниот менаџер на “старата дама”, Џузепе Марота се со цел да го информираат дека се подготвени да одвојат околу 25 мил. евра за одличниот играч за врска, кој во последните неколку месеци минутажата мораше да ја дели со се подобриот интернационалец од франција Пол Погба.
Новинарите на Островот се убедени дека сега е вистинскиот момент за да се осигураат услугите на репрезентативецот на Италија кој сигурно ќе има статус на стандарден првотимец доколку се пресели на “Олд Трафорд”, а најавената понуда од 25 мил. евра би требало да биде доволна за да се осигураат услугите на Маркизио.