
Манчестер Јунајтед сака да го донесе во своите редови одбранбениот фудбалер на Атлетико Мадрид, Диего Годин, објавија британските медиуми.
Според „Дејли Стар“ англискиот клуб е подготвен да плати 20 милиони фунти за Уругваецот.
32-годишниот Годин оваа сезона играше 15 натпревари за Атлетико и постигна два гола, оствари и една асистенција.
Како краткорочна алтернатива, Јунајтед решение во дефанзивната линија гледа во играчот на Челзи, Гери Кахил, кој може да се пресели на „Олд Трафорд“ во јануари.