Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска изјави дека САД не се веќе заинтересирани за гарантирање на европската безбедност, па затоа ЕУ треба да направи повеќе на полето на одбраната и безебедносната соработка.
-Нашето почитување кон НАТО не може веќе да се користи како соодветно алиби за противење на се поголемите европски напори, рече Јункер на конференција во Прага, пренесуваат британските медиуми.
Тој додаде дека Европа нема избор, туку треба да ги брани своите интереси на Блискиот исток, како и кога станува збор за климатските промени и трговските спогодби.