![gej hel](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/gej-hel.jpg?resize=696%2C418&ssl=1)
Ѕвездата на видео ресурсот YouTube, Илајџа Даниел, го купи американското гратче Хел и го преименива во Геј Хел, доволувајќи само да се виорат намиња во бојата на виножитото во знак на протест против одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да забрани на американските амбасади да се истакнува знамето на ЛГБТ заедницата во текот на од неа прогласениот Месц на гордоста.
Калифорнискиот комичар и рапер кој настапува под псевдонимот Лил Фанг објави на Twitter фотографија пред знакот на влезот во градот со опис „Добредојдовте во Геј Хел, хистеричнито град во Мичиген“.
„Од денеска сму сопственик на Хел во Мичиген, го купив целиот град. Мојот прв потег како сопственик е промената на името на градот во Геј Хел, Мичиген. Единствените знамиња кои смеат да се виорат се знамињата на ЛГБТК заедницата“, твитуваше од профилот на кој има 600.000 „пријатели“.
Белата куќа не им дозволи на американските амбасади во светот да ги истакнат знамињата во боите на виножитотот, што поттикна некои гувернери на сојузни држави да објават фотографии од своите канцеларии украсени со ваквите знамиња.
Портпаролката на државниот секретар Мајк Помпео, кој исто така е противник на истополивите бракови, ја потврди забраната минатата седмица. „Ставот на државата е од јаборлите да може да се виорат само американските знамиња“, изјави Морган Ортагас на прес-конференција.
Компанијата за продажба на недвижнини „Re/Max Commercial“ ја огласи продажбата на Хел за 900.000 долари.
Даниел на еден ден во 2017 година стана градоначалник на Хел и во еден од туристичките проспекти објави дека е забранет влезот за хетеросексуалците.
„Сакаме да им забраниме доаѓање во нашиот град на хетеросексуалните закани против кои се бориме. Хетеросексуалците кои доаѓаат во нашиот град се размножуваат, имаат повеќе хетеросексуални деца кои може да ги преземат нашите законски геј работни места (…) Ви благодарам на соработката во овие тешки времиња, заедно повторно ќе го направиме Хел голем“, напиша Даниел алудирајќи на мотото на претседателот Трамп од кампањата во 2016 година.